Законска и морална должност на секој граѓанин кој живее на територијата на Република Македонија е совесно и навремено да ги подмирува своите обврски кон Државата во вид на плаќање на даноци.
Еден од главните извори на финансирање на Општините се приходите од наплата на даноци, со што се придонесува за развој на општината, како и подобрување на нејзината инфраструктура,со што се овозможува живеење во една урбана и модерна средина за сите граѓани.
Врз основа на горе наведеното општина Македонска Каменица го издава следното
СООПШТЕНИЕ
Со кое им соопштува на сите граѓани, кои ги немаат подмирено своите обврски кон Општината по основ на Данок на имот за 2011 год, тоа да го сторат најдоцна до 31.01.2012 година, во спротивно, општина Македонска Каменица ќе биде приморана да постапи по задолженија на Министерството за финансии на Република Македонија и согласно Законот за даноци на имот, да пристапи кон присилна наплата односно со блокада на сметките на граѓаните.
Имајќи ја во предвид лојалноста и совесноста на граѓаните кон подмирување на своите обврски по основ на Данок на имот во дадениот рок, се надеваме дека граѓаните нема да дозволат Општината да пристапи кон присилна наплата.
Општина Македонска Каменица
Одделение за даноци и комунални такси












Почитувани,
По повод Василица и 65 годинашното организирано пензионерско делување на пензионерите во Република Македонија , Здружението на пензионери од Македонска Каменица организираше забава со свечен традиционален дочек на Стара-Нова Година.
Со одлука на советот на општина Македонска Каменица за набавка на градежна машина за потребите на ЈП “Камена Река“, вчера пристигна новата “комбинирана машина ровокопач - натоварувач JCB“ – модел 3CX. Вредноста на оваа набавка изнесува 4.173.549 денари а средствата се обезбедени од буџетот на општина Македонска Каменица.
Вицепремиерот Владимир Пешевски вчера попладне ја посети општина Македонска Каменица. На средбата остварена во кабинетот на Градоначалникот Митевски, покрај другото се разговараше за проектите што се во програмата на Општината Македонска Каменица

Драги пријатели,












