Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Македонска Каменица аплицираше со проект за „Реконструкција на локална улица „Осоговска“ во Општина Македонска Каменица“.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 27.12.2023 година официјалните веб страници на:
- Општина М. Каменица: https://makedonskakamenica.gov.mk
- ЕИП: www.wbprojects-mtc.mk или
- МТВ: http://mtc.gov.mk/
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на Интернет страницата.
ПРИЛОГ ДОКУМНЕТИ
- Известување за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за проектот „Реконструкција на локална улица „Осоговска“ во Општина Македонска Каменица“ во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта
- Формулар за доставување коментари и предлози за Контролната листа на ПУЖССА за проектот „Реконструкција на локална улица „Осоговска“ во Општина Македонска Каменица
- Контролна листа на план за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) реконструкција на локална улица „Осоговска“ во општина Македонска Каменица